Бомба од Италија: Роналдо се сели во Рома!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома ја освои Конференциската лига со победата од 1-0 во финалето против Феенорд, а тимот на Жозе Мурињо летово ќе бара засилувања за следната сезона.

Италијанските медиуми пишуваат дека Кристијано Роналдо е една од желбите на Мурињо, иако тоа делува нереално во моментов, односно се очекува да остане во Манчестер јунајтед следната сезона.

Мурињо наводно зборувал со газдите на Рома и побарал од „Фриедкин груп“ да го купат Португалецот ова лето.

„Црвените ѓаволи“ потпишаа договор со тренерот Ерик Тен Хаг, кој најави реконструкција на екипата, па се поставува прашањето каква улога ќе добие Роналдо во тимот.