„Бомба“ од Островот: Арсенал оди по Осимен, Челси може да остане со празни раце?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот вицепрвак Арсенал наводно е подготвен да направи сè за во јануари да го купи фантастичниот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен.

Медиумите од Островот пишуваат дека Арсенал е подготвен да го понуди Габриел Жесус плус да додаде десетина милиони евра за Нигериецот.

Осимен во моментов вреди околу 120 милиони евра, иако претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кажа дека нема да го продаде ниту за 200 милиони евра.

Ова се проблеми за Челси, кој веќе неколку пати покажа интерес за Осимен и сака да тргне по неговите услуги во јануари, но сега мора да се соочи со конкуренција од градскиот ривал.