Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хајдук Сплит сака оваа сезона да го симне Динамо Загреб од тронот во Хрватска, па поради тоа ангажираше големо засилување во нападот, откако вчера потпишаа со Никола Калиниќ.
Калиниќ го одигра последниот меч за Верона синоќа на гостувањето кај Јувентус, по што веднаш замина кон татковината за да потпише договор со Хајдук.
Хрватскиот напаѓач по заминувањето од Хајдук играше за Блекбурн,Фиорентина, Милан, Атлетико Мадрид, Рома, а од 2020 година го носеше дресот на Верона.
„Хајдук со големо задоволство може да потврди дека Никола Калиниќ по 13 години се врати во тимот и ќе го преземе дресот со број девет. Никола доаѓа како слободен играч, откако го раскина договорот со Верона“, соопшти Хајдук.