„Бомба“ во Лондон: Челси ќе му продаде напаѓач на Арсенал?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал во следните денови треба да го продаде Гранит Џака, а стручниот штаб на Микел Артета и понатаму чека одговор од Лестер сити за можен трансфер на Џејмс Медисон.

Постојат мали шанси во северен Лондон да се пресели и италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели, кој сака да замине во Јувентус.

Арсенал работи и на други трансфери, а „Дејли Мејл“ објави дека премиерлигашот ќе се обиде да купи напаѓач и од градскиот ривал Челси, а станува збор за талентираниот Тами Абрахам, кој не е во прв план кај Томас Тухел.

Кога станува збор за продажба на фудбалери, по Џака, најблиску до заминување е Ектор Белерин, но според информациите од Лондон засега нема договор за трансфер во Интер.