„Бомба“ во НБА: Кливленд го ангажира наследникот на Леброн Џејмс

Еден од најдобрите бекови во лигата, Донован Мичел од Јута Џез се пресели во Кливленд кавалирс, додека во спортивен правец ќе заминат Колин Секстон, Лаури Марканен и Очаи Агбаи.

Мичел досега играше само во Јута, откако во НБА-лигата пристигна во 2017 година и блесна, па сега си обезбеди голем трансфер.

Овој 25-годишен кошаркар во просек постигнува по 24 поени на натпревар, а минатата сезона играше за нијанса над просекот и даваше по 26 поени по меч.