Борусија го обезбеди потписот на играчот за кого „гризеше“ Манчестер Јунајтед

Џуд Белингем отпатувал во Германија за медицински прегледи со тимот на Борусија Дортмунд.

Германците се договорија со Бирмингем за неговиот трансфер, а како што стојат работите договорени се и личните примања на 16 годишниот фудбалер кој блескаше во Чемпионшип лигата оваа сезона.

Играчот утрово заминал од аеродромот во Бирмингем со авион цесна и во Дортмунд пристигнал околу 10 часот утрово.

Борусија Дортмунд одлично го организирал неговиото доаѓање кое било далеку од медиумите кои не успеаа да го уловат играчот како пристигнува во Германија.