Бостон зголеми на 2-0 против Атланта (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Бостон беа подобри од Атланта со 119-106 и така зголемија на 2-0 во првото коло од плејофот на Источната конференција во НБА-лигата.

Тејтум постигна дабл-дабл со 29 поени и 10 скокови, а имаше и шест асистенции за Бостон, додека на спротивната страна најдобар беше Дежонте Мареј со 29 поени, шест скокови и шест асистенции.

Кливленд израмни на 1-1 против Њујорк, откако славеше со 107-90, а најдобар во победата беше Дариус Гарланд со 32 поени.

До триумф стигна и тимот на Феникс санс против Лос Анџелес клиперс со 123-109.