Божиновски се зарази со ковид-19, нема да биде на списокот за Грузија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот голман Даниел Божиновски, кој беше повикан од селекторот Игор Ангеловски како четврти голман во репрезентацијата, е позитивен на коронавирус.

Голманот на Силекс вчера пристигна во Скопје по натпреварот за Силекс против Македонија Ѓ.П и на тестирањето неговиот резултат се покажа како позитивен. Божиновски немал контакт со останатите играчи од репрезентацијата.

„За жал, позитивен сум на коронавирус и ќе мора да поминам одреден период во карантин. Немам симптоми, но принуден сум да бидам изолиран од соиграчите во следниот период. На репрезентативните колеги им посакувам многу среќа и успех во намерата да се избориме за пласман на Европско првенство. Јас ќе бидам еден од најголемите поддржувачи, изјави Даниел Божиновски.