Братот на Лингард: 20 години пот и солзи, срам да ви е!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во понеделникот славеше со 30 против Брентфорд, а Џеси Лингард не доби шанса на теренот за да се збогува со навивачите.

Ова беше уште едно лошо искуство за 29-годишниот фудбалер, кој минатата година беше на чекор до Вест хем, но тогаш Оле Гунар Солскјер не сакаше да го пушти.

Ралф Рангник го замени Солскјер, по што Лингард настапи само 11 пати, а двапати ја доби шансата да биде стартер, па тоа го изнервира неговиот брат Луј Скот.

„20 години пот и солзи, четири домашни трофеи, три гола во финалиња на Куп и тоа не е доволно за пристојна репутација. Не е ни чудно што ќе играте во Конференциската лига следната сезона“, напиша братот на Лингард.