Бразилците во солзи: Хрватска е полуфиналист на СП во Катар! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватска обезбеди полуфинале на Светското првенство (СП) во Катар откако славеше на пенали против Бразил.

Бразилците влегоа во мечот како фаворити, но актуелниот вицешампион успеа да ги елиминира „кариоките“, откако двата гола беа постигнати во судиските продолженија.

Најпрво Бразил преку одлична акција стигнаа до гол, откако Нејмар измами неколку фудбалери, а потоа и голманот Ливаковиќ, додека израмнување донесе Петковиќ.

На пенали непрецизни кај Бразил беа Маркињос и Родриго, додека Хрватите не згрешија од белата точка, а притоа и Ливаковиќ одбрани еден пенал.