Бразилска гол-машина се враќа во Европа по првиот неуспешен обид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач Габриел Барбоса, познат како Габигол, би можел месецов да се врати во англиската Премиерлига и наводно е блиску до договор со Вест хем.

Преговорите на „чеканите“ со Фламенго беа одржани, а фудбалерот сака да се реализира овој трансфер и наскоро би можела да пристигне официјална потврда.

Ако се врати во Европа оваа зима, тоа ќе биде враќање на голема врата на фудбалерот кој во првиот обид не направи ништо посебно.

Габигол во 2016 година се пресели од Сантош во Интер за речиси 30 милиони евра, но не доби голема шанса меѓу „нераѕурите“ и настапи само 10 пати, а постигна еде гол.

Потоа имаше неуспешна позајмица во Бенфика, па реши да се врати во татковината и тоа се покажа како вистински потег за кариерата на фудбалерот.

Пред повеќе од три години се врати во Сантош, а потоа замина во Фламенго, каде што постигна 104 гола во 147 натпревари.