Бреша ја изненади Барселона со цената за – Сандро Тонали!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот италијански фудбалер Сандро Тонали сезонава ги воодушеви сите во Серија А. Тој игра одлично во дресот на Бреша, а се избори и за повик во репрезентацијата на Италија.

Овој 19-годишен фудбалер во Серија А одигра 23 меча, а успеа да постигне еден гол и пет асистенции.

Со своите настапи привлече голем интерес на многу клубови и ќе биде изненадување доколку Бреша успее да го задржи ова лето.

Во претходните денови се шпекулираше дека Барселона сака да го ангажира Тонали, меѓутоа Каталонците се откажале поради цената која ја барал италијанскиот тим.

Бреша, наводно, за Тонали побарала сума од 60 милиони евра, а тоа непријатно ги изненадило луѓето во управата на Барселона, кои се откажале од идејата да го купат младиот фудбалер.