Брестовац: Не ни беше лесно кога губевме со 10-15-20 разлика…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Селекторот Данило Брестовац денеска зборуваше за изминатите натпревари од првата групна фаза на Светското првенство (СП) во Египет.

Македонија славеше вчера против Чиле и така избори пласман во главната фаза, каде што очекуваме нови три натпревари.

„Не се ни сомневав дека ќе го победиме Чиле. Малку ме плашеше тоа како ќе реагираме на првите два натпревари. На третиот одговоривме добро како тим. Немој да мислите ека ни беше сеедно кога губевме со 10-15-20 голови разлика. Ние и тогаш се боревме и дававме максимум. Со Чиле мечот беше поинаков“, вели Брестовац.

Македонија ги игра следните три меча против Словенија, Русија и Белорусија на 20, 22 и 24 јануари од 15.30 часот.