Брестовац: Треба да им дадеме време на младите ракометари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на македонските ракометари, Данило Брестовац, по елиминацијата на Македонија кажа дека не може да разбере како неговите играчи промашиле толку многу шанси.

Брестовац кажа дека проблемот бил во нападот на неговите ракометари, а исто така побара и малку повеќе трпение на јавноста со помладите ракометари.

„Истиот проблем повторно. Ни треба време за да направиме моќна репрезентација со помлади ракометари. Денеска одбраната не беше воопшто виновна, туку лошата игра во нападот. Повторно не можевме да реализираме како што сакавме, но Австрија заслужено си победи. Останува да им дадеме време на младите ракометари и да одиме понатаму“, порача Брестовац.