Бродолом во Милано: Заминуваат највредните од „Сан Сиро“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан се наоѓа во многу незавидна позиција на самиот крај од сезоната.

Три меча пред крајот на првенството „Росонерите“ ја заземаат петтата позиција со три бода помалку во однос на Аталанта која е во добра позиција да се пласира во Лигата на шампионите.

Доколку Милан не успее да влезе во најелитното европско натпреварување, би можел да се соочи со големи проблеми, а еден од најголемите секако е и заминувањето на Џиџи Донарума, пренесува Газета дело Спорт.

По целата сага околу продолжувањето на договорот изминатата сезона, Донарума стана еден од симболите на новиот тим кој би требало да се бори за трофеи во иднина.

Меѓутоа, сега повторно е актуелизирана приказната околу неговото заминување, продажбата би донела голем прифит во клубот кој би изостанал доколку не се пласира во Лигата на шампионите.

Неговата цена не би одела под 60 милиони евра, ПСЖ и натаму е еден од главните фаворити за ситуацијата во Милан.