Брозовиќ не одолеа на богатството и ги прифати милионите на Ал-Наср


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ го напушти Интер и се сели во Саудиска Арабија, каде што ќе игра за Ал-Наср.

Интер ја прифати понудата од 23 милиони евра за трансфер, а Брозовиќ си договори тригодишна соработка за која ќе заработи 100 милиони евра.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека сите детали се објавени и наскоро се очекува промоција на Брозовиќ во новата екипа.

Брозовиќ ќе му се приклучи на Кристијано Роналдо во Ал-Наср.