Бруно Фернандес започна предизвик кој станува хит (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Речиси сите фудбалски лиги во Европа се прекинати барем на 3. април поради пандемијата на коронавирус.

УЕФА треба да донесе одлука на денешната видео конференција за тоа дали лигите ќе продолжат или сезоната ќе биде прекината, така што Европското првенство може да се игра во текот на летото.

Фудбалерите ширум Европа се во изолација и на различни начини се обидуваат да ја „убијат досадата“. Но, изгледа дека Бруно Фернандес и Жоао Феликс имаат најголем успех во тоа, започнувајќи предизвик кој стана хит на социјалните медиуми.

Поточно, овие фудбалери решија да жонглираат тоалетна хартија и да ги предизвикаат своите пријатели да го сторат истото. Фернандес го предизвика и нашиот Стефан Ристовски. Ова стана вирален хит и нивните навивачи се вклучија.