Бруно Фернандеш му искоментира на Ристовски за тапанот ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонија славеше синоќа по историската победа против Косово од 2-1, а репрезентативецот Стефан Ристовски покажа дека владее и со тапанот.

Ристовски беше во улога на тапанар по триумфот, а на неговото видео на Инстаграм доби коментар и од поранешниот соиграч и ѕвезда на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.

Познато е дека нашиот Ристовски е одличен пријател со Фернандеш, па затоа фудбалерот на Манчестер Јунајтед го коментираше неговото удирање на тапан.

„Правиш многу врева“, искоментира Бруно во „лајвот“.