Бруно Фернандеш откри зошто ја користи специфичната прослава со покривање на ушите

Најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед од јануари па навака, Бруно Фернандеш откри зошто прославува покривајќи ги своите уши.

Бруно освен по головите и по асистенциите стана познат и по начинот на кој ги прославува своите погодоци, а сега откри зошто го прави тоа.

Со ваквата прослава, тој ги посветувал головите на неговата ќерка која реагирала така кога тој и сопругата и зборувале.

„Зборуваме со неа и таа почнува да ги реди рацете на ушите. Токму затоа избрав да ги прославувам погодоците така, во нејзина чест“- изјави Фернандеш.