Бруно Фернандеш урна голем рекорд во Премиерлигата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед минатата година го купи Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон, а Португалецот стана главен на „Олд Трафорд“ за краток период.

Екипата на „црвените ѓаволи“ вчера беше поразена во големото дерби од Ливерпул со 2-4, со што на својот ривал му остави надеж за пласман во Лигата на шампиони.

Јунајтед поведе со голот на Фернандеш во 10. минута, а Португалецот на таков начин се запиша во историјата на Премиерлигата како најефикасен фудбалер за врска во сезоната.

Тоа му беше дури 18. гол сезонава, со што го урна досегашниот рекорд на легендарниот фудбалер на Челси, Франк Лампард.

Фернандеш одигра 78 меча по неговото пристигнување во Манчестер, а притоа постигна 40 голови во сите натпреварувања.

Шанса да ја поправат сезоната „ѓаволите“ ќе имаат на 26 мај, кога во големото финале на Лига Европа ќе играат против Виљареал.