Брутална тепачка во УФЦ: Махачев е нов шампион, Оливеира мораше да се предаде! (Видео)


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко - 17 ден ↓↓↓



Во главната борба на вечерта се решаваше шампионот во лесна категорија во Абу Даби, а рускиот борец Ислам Махачев го освои појасот откако го совлада Чарлс Оливеира во втората рунда.

Еден месец се најавуваше борбата, а наследникот на Хабиб Нурмагомедов конечно му одржа лекција на Бразилецот и го освои појасот.

Махачев од самиот почеток ја покажа својата сила и прво му нанесе неколку незгодни удари на Оливеира, по што го урна на рингот и имаше контрола во најголем дел од првата рунда.

Оливеира не успеа да се врати во втората рунда, па Махачев ја искористи шансата да го загуши противникот, кој немаше избор освен да се предаде.