Будуќност го претстави „Македонецот“ Вајли!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот кошаркар со македонски пасош, Џејкоб Вајли е нов кошаркар на Будуќност, а тоа го потврди денеска и самиот тим.

Најавите од претходната недела конечно станаа реалност, па Вајли го засили тимот на Џикиќ и сигурно ќе внесе поквалитетна игра во екипата.

Овој 26-годишен кошаркар во минатото настапувал и за Бруклин нетс, а претходната сезона ја мина на позајмица во Гран Канарија, додека за Македонија одигра четири меча.

„Вајли има искуство во Евролигата, зашто во најелитното натпреварување играше како кошаркар на Гран Канарија и Панатинаикос. Станува збор за млад кошаркар кој има 26 години, борбен…“, соопштија од Будуќност.