Буфон добива понуди од сите страни, каде ли ќе ја продолжи кариерата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон не сака да се пензионира, иако наполни 43 години, па си бара нов тим за следната сезона.

Буфон најави дека ќе го напушти Јувентус, но ќе остане активен во фудбалот уште некое време, па се поставува прашањето каде ќе ја продолжи кариерата.

„Мојата иднина е јасна и дефинирана. Ова преубаво и долго искуство со Јувентус ќе заврши летово. Доколку дојде некоја понуда која ќе ме мотивира, тогаш нема да ја завршам кариерата“, кажа Буфон.

Постојат многу клубови кои сакаат да потпишат со Буфон, а се споменуваше и негово враќање во Парма, но екипата испадна во Серија Б.

Монца, која се бореше за пласман во Серија А, исто така е заинтересирана, а клубот го водат Силвио Берлускони и Адриано Галијани.

Покрај тимовите од Серија Б, постојат тимови и од други земји кои го сакаат Буфон, а тоа се Порто, Олимпијакос и Галатасарај.