Буфон: Донарума можеби ќе добиеше прекршок ако останеше да лежи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума направи грешка против Реал Мадрид, по која беше постигнат гол како најава за големиор пресврт на шпанскиот гигант (3-1).

Италијанецот доби голем број критики од јавноста, а неговата реакција ја коментираше и Џанлуиџи Буфон.

„Вакви грешки многу значат во кариерата и треба да послужат како лекција. Ова е дел од растот на еден фудбалер и сметам дека Донарума нема да прави слични грешки во иднина. Вакви прекршоци на некои места не се судат, но доколку останеше да лежи по стартот на Бензема, можеби ќе беше досуден прекршок за ПСЖ“, вели Буфон.