Буфон има три опции – каде ќе ја продолжи кариерата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон има 43 години, а засега не е познато дали ќе ја продолжи кариерата, иако брани во одлична форма.

Буфон има три опции за неговата иднина, а првата е да почне преговори со Јувентус за нова соработка на уште една година. Секако, постои можност да преговара и со некој друг тим, но и пензија се споменува како опција.

Јувентус ја чека неговата одлука, која треба да ја донесе наскоро, а ако Буфон реши да си замине, тогаш „Старата дама“ ќе мора да побара негова замена.