Буфон најави пензија, и тоа побрзо од очекуваното!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Џанлуиџи Буфон брани повеќе од 25 години на високо ниво, а сега е во петтата деценија од животот и многумина го поврзуваат со пензија.

Буфон за „Гардијан“ откри до кога планира да брани, а неговиот одговор ги изненади сите.

„Во мојата глава крајна граница е 2023 година. Без сомневање после тоа нема да брана,. Но, не ја исклучувам можноста да се простам во наредните четири месеци. Сигурно можам да кажам дека никогаш не сум размислувал дека толку долго ќе бранам. Кога во Јувентус ми предложија да се вратам, си кажав себе си дека тоа е моја последна голема прилика“, кажа Буфон.

Инаку, Буфон е роден 1978 година и доколку брани до 2023 година тогаш ќе има повеќе од 45 години.