Буфон требало да потпише за шпански гигант, но Јувентус веднаш реагирал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот италијански голман Џанлуиџ Буфон се врати во Јувентус, со кој потпиша едногодишен договор.

Буфон минатото лето го напушти италијанскиот шампион, откако му заврши соработката и не доби нов договор, па одби да ја зврши кариерата и се пресели во ПСЖ.

Но, на крајот на сезоната не сакаше да остане во Париз, па најави дека ќе брани барем уште една сезона. И тогаш кога никој не очекуваше, Јувентус му испрати понуда, која Италијанецот не можеше да ја одбие.

Меѓутоа, италијанските медиуми утринава објавија дека Јувентус го вратил Буфон, зашто Италијанецот бил на чекор да потпише договор со Барселона.

Каталонскиот клуб му понудил можност да биде резервен голман, а на тоа Буфон немал ништо против. Но, кога го дознале тоа „бјанконерите“, решиле да си ја вратат легендата назад во клубот.