Бунт во ПСЖ: Играчи наспроти тренерот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот француски шампион ПСЖ синоќа стигна до првата лигашка победа во сезоната.

ПСЖ со минимални 1:0 го победи Мец, а голот за големите три бодови го постигна Јулијан Дракслер во судиското продолжение на судијата.

Сепак, оваа вредна победа не ја врати добрата атмосфера во редовите на францускиот шампион. Напротив, според француските медиуми, ситуацијата во ПСЖ од ден на ден се влошува, а наводно некои играчи се незадоволни од работата на тренерот Томас Тухел.

Според РМЦ Спорт, играчите не се подготвени да играат и се шегуваат едни со други дека единствениот план е да му ја додадат топката на Нејмар.

Еден од играчите чие име е скриено ја опиша ситуацијата: “Играме без тактика, без идеја. За време на мечот со Марсеј, стручниот штаб немаше апсолутно никаква контрола врз ситуацијата. Како да не можеа да променат ништо”.

Наводно, некои француски играчи сметаат дека Тухел ги „форсира“ јужноамериканците, а исто така се незадоволни од фактот дека Маркињос игра како дефанзивен играч за врска, наместо стопер. Но, тоа не е сè, тие исто така наводно веруваат дека Мауро Икарди треба да игра повеќе.

Генерално, ако им се верува на француските медиуми, ситуацијата во тимот не е добра и останува да се види дали сопственикот ќе реагира.