Бурно е во Аргентина: Тевез даде отказ по само пет месеци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот аргентински фудбалер Карлос Тевез ќе остане запаметен по неговите настапи на фудбалските терени, но сепак во тренерската улога не се прослави затоа што мораше да даде отказ по само пет месеци.

Тевез пред пет месеци го презема Розарио Сентрал, но вчера објавил дека го напушта тренерското место, а причина за тоа се претседателските избори во клубот на средината на декември.

„Сакам да им кажам на луѓето во тимот дека ќе се повлечам. Не сакам повеќе да бидам тренер. Сакам да им се заблагодарам за поддршката, не дојдов да се занимавам со политика и кога моето име се споменува, тоа не ми се допаѓа“, вели Тевез.

Аргентинецот го предводеше Розарио на 24 натпревари, а сезоната ја заврши на 20. место на табелата.