Бускетс ќе остане во Барселона, но само ако се врати Меси!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Барселона, Серио Бускетс сака да остане во каталонскиот гигант, но тоа зависи од иднината на Лионел Меси кој има договор со ПСЖ до крајот на сезоната.

„Мундо Депортиво“ објави дека Бускетс ќе прифати нов договор со Барселона само ако Меси се врати на „Камп ноу“.

Меси има неколку опции за неговата иднина, а една од нив е да остане во Париз, иако се споменува и заминување во Интер Мајами, Ал-Наср или Ал-Хилал.

Одлуката на Бускетс директно ќе зависи од Меси, па ако Аргентинецот реши да се врати во Барселона, тогаш и капитенот на екипата ќе остане уште една сезона.