Чави е спремен да „скокне“ на клупата на Барселона, а нема дилема кое би му било прво засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лошиот старт на сезоната за шпанскиот првак Барселона, повторно ги донесе приказните за евентуалното заминување на тренерот Ернесто Валверде.

Тренерот на каталонскиот великан е под голем притисок и сигурно е дека евентуалните лоши резултати во наредните натпревари прилично ќе му ја раздрмаат столицата.

Во случај Валверде да добие отказ, раководството на Барселона веќе има спремна замена. Тоа е легендата на клубот Чави Хернандес кој моментално менаџира со катарскиот клуб Ал-Сад.

Сепак, без оглед на тој договор Чави е спремен да скокне во клупата на својот омилен тим, а судејќи според вестите на англиските и шпанските медиуми, тој веќе знае кој фудбалер би го довел на Камп Ноу.

„Кога ќе ги погледнете играчите кои моментално би можеле да се крунисаат како најдобри на светот, секогаш ќе помислите на Нејмар, Мбапе, Салах. Сепак, моментално Стерлинг е пред сите нив. Отсекогаш беше добар играч, опасен, но под водство на Пеп Гардиола може да стане најдобар на светот. Тој сеуште е млад а резултатите на работата на Пеп се очигледни, но има и одредени работи кои мораат да бидат поправени. Може да биде најдобар на светот“, уверен е Чави.

Меѓутоа неговата цифра е огромна. Сити би го пуштил за 150 милиони фунти, но во денешниот фудбал овие цифри лесно се плаќаат и секако дека би било интересно да се види Стерлинг во Ла Лига.