Чави емотивно ја искоментира одлуката за Алвеш: Жал ми е, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Чави Ернандез пред неколку дена го објави списокот со фудбалери на кои ќе смета во Лига Европа до крајот на сезоната, а на него го немаше бразилскиот бек Дани Алвеш, кој ќе игра само во Ла Лига.

Шпанските медиуми пишуваа дека Бразилецот не бил среќен поради потегот на неговиот поранешен соиграч и сегашен тренер, а каталонски „Спорт“ ја објави изјавата на Чави, кој очигледно не е среќен што морал да донесе таква одлука.

„Жал ми е, но морав да донесам таква одлука затоа што имаме добри фудбалери на неговата позиција. Некој мораше да настрада во оваа ситуација, а тоа е Алвеш. Тој ни дава многу на теренот и надвор од него, а се надевам дека така ќе продолжи и во иднина“, вели Чави.

Барселона во осминафинале на Лига Европа треба да се соочи против Наполи.