Чави го испофали Димитриевски: Столе беше одличен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рајо Валјекано одигра 0-0 против Барселона на „Камп Ноу“, откако македонскиот голман Столе Димитриевски запиша шест интервенции и трет меч по ред остана без примен гол против каталонскиот тим.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез немаше друг избор, освен да му честита на Димитриевски за одличниот меч на „Камп Ноу“.

„Рајо одигра одличен натпревар и ни го затворија патот кон голот. Имавме проблеми, а нивниот голман беше одличен со неколку интервенции“, кажа Чави.

Барселона летово се засили со неколку звучни имиња, како Роберт Левандовски, Рафиња, Франк Кеси, Андреас Кристенсен, Жил Кунде, а се планираат и други, но сепак имаше лош старт.