Чави: Левандовски е нервозен, но такво беше и Суарез…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски летово го засили тимот на Барселона за 50 милиони евра од Баерн Минхен, но сè уште е без гол за новата екипа.

Полјакот промаши неколку добри шанси на мечот против Њујорк Ред Булс, а тренерот Чави Ернандез кажа дека Левандовски ќе влезе во одлична форма наскоро.

„Сите ги бројат головите, но Левандовски е важен фудбалер за нас и кога не дава голови. Секако, нервозен е затоа што сака да влезе во ритам, но се сеќавам дека таков беше и Луис Суарез, кога стигна во екипата. Јас не се сомневам дека ситуацијата ќе се промени по првиот гол кој ќе го даде“, кажа Чави.