Чави: Моите зборови предизвикаа земјотрес во Барселона


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Чави Ернандез ја напушта екипата, а на негово место од следната сезона ќе работи Ханси Флик.

Чави испрати порака до новиот тренер, а притоа кажа и дека сакал да остане во Барселона, но неговите зборови создале земјотрес.

„Треба да знае дека ситуацијата е тешка. Има работи кои нема да бидат лесни. Дали ми е полесно? Не, затоа што сакав да останам, но ми кажаа дека не е возможно. Уште од првиот ден моите зборови предизвикаа земјотрес. Не знам зошто навистина“, кажа Чави.