„Чави мора да потпише нов договор со Барселона“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортскиот директор на Барселона, Деко му даде поддршка на тренерот Чави и кажа дека треба да потпише нов договор со клубот.

Чави е блиску до потпис на нов едногодишен договор со каталонската екипа, а критичарите сметаат дека е тоа поради неговиот имиџ и репутација во клубот.

Деко смета дека тоа не е вистина и Чави заработил нов договор со освојувањето на титулата во шпанската Ла Лига.

„Го познавам Чави како личност и една од работите кои му ги кажав на Чави е дека ни треба трпение. Транзициите се тешки, но ако не ги правите добро, потребно е многу повеќе време од вообичаено“, кажа Деко.