„Чави најдобро го опишува овој тим на Италија“

Селекторот на Италија Антонио Конте рече дека неговите фудбалери со победата над Шпанија покажаа дека Аѕурите не се само „катеначо“

„Знаев дека момците имаат во себе нешто што е надвор од обичното. Реков и пред натпреварот, затоа што е лесно да се зборува после. Момците беа исклучителни. Сега треба да се одмориме бидејќи не чека уште еден тежок натпревар, против Германија, но докажевме дека Италија не е само „катеначо“, рече Конте после мечот.

Италија вечерва го победи двојниот шампион по ред Шпанија со 2:0 во осмина финалето на ЕП во Франција, пред се благодарение на одличната тактичка игра.

„Чави ни го даде најдобриот комплимент кога рече дека Италија за него е мешавина од Барселона и Атлетико Мадрид. Тоа докажува дека не разбираат тие кои играат фудбал“, рече Конте.

Италија на Германија ќе оди без суспендираниот Тиаго Мота.

„Штета поради Мота, бидејќи тој за нас е 12 играч на теренот. Мораме да се подготвивме, ќе биде тешко, можеби дури и потешко отколку денеска“,рече Конте.