Чави нема друг избор: Дембеле има повеќе среќа, отколку – памет!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Осман Дембеле остана член на Барселона, иако постојано се шпекулираше дека ќе замине, а тоа го налути и претседателот Жоан Лапорта, кој кажа дека на крајот на сезоната ќе се разделат.

Лапорта најави дека Дембеле нема да игра до крајот на сезоната, но сепак му даде можност на тренерот Чави Ернандез да ја каже конечната одлука, а тој реши да го врати Французинот во тимот.

Дембеле ќе биде во конкуренција за следните настапи, освен ако не се случи некое изненадување, како што тоа беше случај во минатото кога поради бизарни причини пропушташе тренинзи и не добиваше шанса на теренот.

Меѓутоа, очигледно Дембеле има повеќе среќа, отколку памет и поради тоа доби уште една шанса за игра, а останува да видиме како ќе ја искористи. Тој досега настапи на 129 меча за каталонскиот гигант и постигна само 31 гол.