Чави со јасна порака: Не сакам да има проблеми!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона гостува в недела кај Реал Мадрид, а пред мечот Чави зборуваше за можна разделба со клубот.

По ремито со Интер, Барселона дојде на праг до елиминација од Лигата на шампиони, а тоа предизвика шпекулации дека Чави ќе добие отказ.

На прес-конференцијата Чави зборуваше за својата иднина и испрати јасна порака.

„Оптимист сум од раѓање и мислам дека напредувавме. Имавме добра сезона и штета е тоа што се случи во средата. Исто така, навивач сум на Барселона и сакам клубот да расте. Кога ќе прекине во напредокот, тогаш ќе си заминам. Нема да бидам проблем за клубот. Ако не сум решение, тогаш ќе си заминам“, кажа Чави.