Чави состави листа со фудбалери кои ќе ги избрка во јануари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона игра многу добро во Ла Лига оваа сезона, па в недела ќе се соочи против Реал Мадрид во обид да направи исчекор во однос на ривалот во домашното првенство.

Тренерот Чави Ернандез не е задоволен со сите фудбалери кои ги има во тимот, па планира во јануари да се ослободи од неколку играчи.

Чави веќе составил список до тројца фудбалери кои ќе бидат први што ќе го напуштат каталонскиот гигант, а станува збор за Жерар Пике, Жорди Алба и Френки Де Јонг поради високата плата.

Барселона сака да го продаде Де Јонг за голема сума на пари и така да добие доволно средства за да ги оствари желбите на Чави, но и да ја „закрпи“ дупката во буџетот.