Чави составил листа за продажба – шест фудбалери заминуваат од Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Чави Ернандез се врати во Барселона, но овој пат како тренер на екипата и веќе го имаше првиот тренинг со фудбалерите.

Шпанските медиуми пишуваат дека Чави сака да направи неколку промени во клубот, а во јануари се очекуваат засилувања, но и продажба на фудбалери.

„Ел Чирингито“ објави дека Чави планира да продаде шест фудбалери, меѓу кои се Умтити, Ленгле, Нето, Кутињо, Де Јонг и Брајтвајт. Чави планира на овие фудбалери да им даде дозвола да си побараат нови тимови уште во јануари, а со тоа ќе го ослободи буџетот за неколку милиони евра.