Чави воведе пет нови правила за фудбалерите на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави Ернандез вчера го презема тимот на Барселона, откако претходно шест години беше во Ал Сад, но сега не можеше да го одбие повикот од Каталонците.

Шпанецот вчера официјално беше претставен како нов тренер на каталонската екипа со која потпиша договор до 2024 година.

На сите им е познато дека Барселона има големи финансиски проблеми, а нема добри резултати, па пред Чави е голем предизвик.

Тренерот решил да воведе пет посебни правила за фудбалерите, кои ќе мора да се почитуваат. Првото се однесува на Жерар Пике, кој не смее да патува поради приватни обврски. Потоа тренинзите ќе бидат подолго и играчите ќе бидат повеќе време во тренинг-центарот.

Забранети им се приватни тренинзи, додека четвртото правило е да нема дискусија и караница околу начинот на играта, а последното се однесува на социјалните мрежи, каде што фудбалерите мора да бидат внимателни што објавуваат.