Чави заедно со Лапорта запеа пред навивачите: Нѐ чека долг процес, но подготвен сум за предизвикот! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона денеска го промовираше Чави Ернандез како нов тренер на каталонскиот гигант и наследник на Роналд Куман, кој не се прослави на „Камп Ноу“.

Чави потпиша договор со Барселона, па заедно со првиот човек на екипата, Жоан Лапорта запеа пред навивачите на стадионот.

„Подготвен сум, ова е еден голем предизвик за мене и ќе се обидам да одговорам максимално. Благодарен сум на навивачите за поддршката која ми ја даваат овие денови. Се надевам дека можам да возвратам на вистински начин и заедно ќе победуваме. Нѐ чека долг процес, меѓутоа очекувам набрзо да покажеме први знаци на напредок“, кажа Чави.