Чеферин во одбрана на ПСЖ: Нема ниту Реал, ниту било кој друг да ни каже што да правиме


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Килијан Мбапе направи хаос во светот на фудбалот, откако го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година, а тоа ги налути главните луѓе на Реал Мадрид и шпанскиот фудбал, па Хавиер Тебас поднесе тужба до УЕФА.

Мбапе, според француските медиуми, ќе добие 600 милиони евра во следните три години од парижаните, а Тебас кажа дека тоа е скандал и навреда за фудбалот.

„УЕФА има строги правила за финансискиот фер-плеј, а кој не ги почитува ќе биде казнет. Никој нема да ѝ каже на УЕФА што да прави. Ниту Реал, ниту некој друг нема такво право. Знам дека се револтирани, но сакам да ми кажат еден аргумент зошто компанијата од Катар не треба да биде газда на клуб“, вели Чеферин.