Челси се согласил, но Канте ја одбил оваа понуда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сари е воодушевен од вештините на Канте, па одлучи да му даде малку поофанзивна улога во екипата на Челси.

Сепак, новата улога баш и не му годи со обзир на тоа дека има помало влијание на играта за разлика од претходно.

Ова сепак не го намали интересот од другите клубои за еден од најсимпатичните играчи на денешницата.

ПСЖ оваа зима бараше засилување во средниот ред со обизр на тоа дека сите маки се на Рабиот, а Тухел во своите редови меѓу другите го посакува и Канте.

Парижаните според пишувањето на француските медиуми пратиле понуда до Челси и тоа во износ од 100 милиони евра, а Плавите наводно ја прифалите.

Сепак, Канте го одбил овој трансфер, па од сево ова нема да биде ништо.

Инаку, Канте е под договор со Челси до 2023. година, а се шпекулира дека е спремен да го напушти лондонскиот тим доколку би стигнала понуда од Барса, Реал или Баерн.