Челси доби прилика за изненадувачки трансфер на фудбалер на ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот бразилски дефанзивец Тијаго Силва би можел да се пресели во редовите на Челси за следната сезона.

Играчот по финалето од Лигата на шампионите во кое се пласираше ПСЖ ќе го напушти клубот и ќе потпише за европски клуб.

Досега фаворит за неговиот потпис беше тимот на Милан, меѓутоа денеска медиумите пренесуваат дека на Лампард му бил понуден Силва како решение за одбраната која сезонава што измина беше катастрофална.