Челси добива осум милиони фунти: Луиз ќе потпише двегодишен договор со Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Би-би-си“ пишува дека Давид Луиз ќе потпише двегодишен договор со Арсенал, додека Челси од трансферот ќе добие осум милиони фунти.

Бразилецот треба да ги помине медицинските прегледи, по што ќе го потпише договорот со големиот лондонски ривал на Челси.

Да потсетиме, Луиз побара трансфер од Челси, па реши и да не тренира со „сините“ додека трансферот не биде реализиран.

Иако се шпекулираше дека Челси тешко ќе го пушти да замине, поради тоа што се соочува со забрана за трансфери, сепак очигледно искусниот дефанзивец го добил тоа што го посакувал.