Челси, Дортмунд и Јуве до сигурни победи, Лајпциг го изненади ПСЖ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денешната ноќ во Лигата на шампионите помина без поголеми изненадувања, а притоа беа постигнати голем број на погодоци.

Најмногу внимание привлекуваше дуелот помеѓу Лајцпиг и ПСЖ. ПСЖ во овој дуел беше ославен и не можеше да смета на Нејмар, Мбапе, Икарди…Германците тоа го искористија и славеа победа од 2:1. ПСЖ до водство стигна преку Ди Марија уште во 6. минута. Аргентинецот десетина минути подоцна не реализираше пенал. Во финишот од првиот дел Нкунку изедначи на 1:1. На почетокот од второто полувреме Форсберг постигна гол за конечни 2:1.

Барселона немаше многу проблеми и го совлада Динамо Киев со 2:1. Меси отвори пенал, а вториот гол беше дело на Пике. Циганков го постигна голот за Украинците.

Челси беше сигурен против Рен, со истиот резултат Борусија Дортмунд славеше на гости кај Клуб Бриж. Јувентус во Будимпешта триумфираше против Френцварош со 1:4.

Најблиску до големо изненадување беше Краснодар кој на гости против Севиља имаше 0:2. Сепак Шпанците се вратија во игра комплетно го свртеа резултатот во своја корист со победа од 3:2.

Изненадувањето на денот ќе потсетиме го приреди Башакшехир кој во терминот од 18:55 часот го совлада Манчестер Јунајтед со 2:1.