Челси го испрати Баркли на позајмица во Астон вила


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот фудбалер Рос Баркли го напушти Челси и до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во Астон Вила.

Овој 26-годишен фудбалер не беше во сериозните планови на Франк Лампард, па поради тоа реши да замине во Астон вила, каде што сигурно ќе добие поголема минутажа.

Баркли ќе претставува големо засилување за тимот од Бирмингем, зашто навистина станува збор за талентиран и квалитетен фудбалер, иако во Челси не беше секогаш најдобар.

Англичанецот пристигна во Челси во јануари 2018 година од Евертон и од тогаш одигра 52 меча, но поради големиот број на нови фудбалери, тој го загуби местото во екипата.