Челси го понижи Обамејанг, а тој веднаш си избра нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг не се прослави по доаѓањето во Челси, па наскоро треба да замине од екипата поради малата минутажа.

Тренерот Грем Потер не смета на услугите на репрезентативецот на Габон, па го избриша и од списокот со фудбалери за Лигата на шампиони.

Обамејанг наскоро ќе го напушти клубот, а наскоро се очекува да замине во Лос Анџелес и да потпише договор со Галакси.

Првата понуда се очекува во следните денови, а Обамејанг не би требало да прави проблем со оглед на неговиот статус во Лондон.

Овој 33-годишен напаѓач сезонава одигра 849 минути на теренот во сите натпреварувања и постигна само три гола и една систенција.